Шест години по неговата смрт, Беноа Лешат, коосновач на „Зелениот европски журнал“ и шеф на публикации во белгиската зелена организација Етопија, продолжува да го збогатува нашето општество со своето размислување. Во своите последни дела, Лешат ја нагласи потребата од зелено демократско рестартирање што ефикасно ги комбинира демократијата и екологијата. Логично, овој напор требаше да го водат европските зелени партии. Но, за да успеат, зелените прво треба да ги разберат основните промени во општеството.

Во воведот на изданието за лето 2014 година на „Зелениот европски журнал“, Лешат истакна: „Меѓу 1980 година и 2014 година не само што драматично се прошири обемот на еколошките проблеми, туку и социјалните и антрополошки услови на политичка посветеност длабоко се трансформираа со културната еволуција на нашите постиндустриски општества“. Секој предлог за реформа на сегашните демократски институции кон поголема одржливост и учество ќе треба да ги земе предвид овие структурни промени.

Во 2021 година оваа лекција останува актуелна како и секогаш. Во време кога луѓето сè повеќе се прашуваат дали соодветните демократии можат да спречат или, дури, едноставно, да се соочат со еколошките кризи, некои еколошки групи и мислители (меѓу нив и француско-швајцарскиот филозоф Доминик Бург) предлагаат реформи што ќе им овозможат на демократиите подобро да одговорат на еколошките ограничувања. Без оглед на вредноста на овие предлози, современиот политички амбиент и кризата на легитимноста што ги погаѓа демократските институции покажуваат дека тоа веќе не е само случај демократијата да се направи еколошки компатибилна; тоа е случај на зачувување.

Денес, несомнено, расте свесноста за еколошките прашања. Многу земји едноподруго видоа маршеви за климата и зелени дебати што се прикажуваат во медиумите, па дури и светот на бизнисот бара од сите да сторат сè што можат за да ја спасат планетата. Сепак, главниот пристап останува тесно еколошки, со тенденција на проблемот да се гледа во смисла на загадувањето и на емисиите. Прашањето се гледа само низ објективот на стабилизирање на сегашниот систем, никогаш како катализатор за негово трансформирање. Јазот меѓу стручњаците и политичарите од една страна и јавноста од друга страна е разоткриен низ целата криза предизвикана од ковид-19, што доведе до натамошна ерозија на довербата. Дојде до „експертократското искушение“ од кое се плашеше Лешат принудувајќи нè да размислиме за механизми што ќе го спречат да се вкорени.

Прашањето се гледа само низ објективот на стабилизирање на сегашниот систем, а не како катализатор за негово трансформирање.

Има многу аспекти на тековната криза на демократијата. Но, дали тие, навистина, делат заеднички корени со еколошката криза? Како што нагласи Лешат во својата историја на белгиската партија на зелените, која зборува француски, методи на консултации воспоставени во 70-тите и во 80-тите години за да се спречат индустриски проекти што загадуваат резултираа со масивни административни процеси, кои врзуваат значајна количина ресурси во групите на еколошки и на социјални активисти. Резултатот е „бирократија за животната средина“, која не е во состојба целосно да ги посочи причините за проблемите. Уште повеќе, истите овие процеси може да се искористат против водењето политика за животната средина, кога, на пример, локалните групи се противат на изградбата на ветерници.

Процесите на социјални и на еколошки консултации се преклопуваат и, понекогаш, се судираат. И иако политичарите изгледаат необврзани од ограничувањата на консултациите, фрагментацијата на политичкото претставување ги прави преговорите страшно сложени. Ова, за возврат, го засилува впечатокот за политички свет што не е способен да управува и не е во допир со општествената реалност.

Ова ја илустрира важноста да се користи политичката социологија за да се разберат овие пречки: „Мораме да си го поставиме прашањето: како социјалната динамика во нашето општество, всушност, не придонесува за политичката динамика што зелените би сакале да ја создадат за да ги исполнат своите цели?“ За зелените тогаш се поставува следново прашање: Како можеме да бидеме политички ефективни? Со освојување на мнозинството, сигурно – но што да се прави?

Кон еколошка демократија

Лешат објасни дека радикалната демократија мора да биде приоритет за зелените на патот кон одржливо општество. Демократијата, се разбира, ќе остане систем за дебата меѓу луѓето, најдобриот начин „да се спротивставуваме еден на друг без да се колеме еден со друг“. Но, за разлика од раните идеологии на модерното време како социјализмот и либерализмот, мирот под зелена демократија нема да биде изграден на штета на идните генерации, екосистеми и нелуѓе. Ниту, пак, ќе ја направи животната средина компромис за традиционалната политика. Место тоа, ќе ги направи институциите зелени и ќе ја обезбеди нивната децентрализација. Не станува збор за давање глас на животни или неродени деца, туку за градење демократски системи што подобро ги вклучуваат сигналите што ни ги испраќа природата и за влијанието на нашите постапки врз идните услови за живот.Во

движењето кон еколошка демократија се појавуваат три приоритети. Прво, политиката за животна средина мора да го засили локалното учество – чин на децентрализација – во спроведувањето поамбициозни планови за еколошка транзиција – чин на централизација. Ова подразбира засилување на демократијата на секое ниво преку создавање јавен простор за дебата што информира при процесите на донесување одлуки. Секој од овие процеси за децентрализација мора да биде изграден врз динамиката на јавниот простор поттикнат од плуралистички медиуми, кои фаворизираат дебата и анализа над сензационализмот и контроверзноста. Работата на демократијата е неразделна од таа за засилување на вистинскиот јавен простор, од локалниот до европскиот.

Еколошката демократија нема да се случи без создавање социоеколошка држава што ќе се соочува со нееднаквоста, истовремено развивајќи ја понатаму логиката на државата.

Второ, оваа демократска преродба не може да се случи без да се занимаваме со културното прашање – точка што Лешат ја го нагласуваше во своите прилози за белгиското прогресивно списание „Новиот преглед“( La Revue Nouvelle). Од доцните 80-ти години постои прекин во институционалните и во политичките реформски агенди на партиите на зелените меѓу нивните еколошки и културни проекти. Но, еколошката трансформација мора да го мобилизира целото општество, вклучувајќи ги и неговите образовни и културни ресурси. Не се работи само за технички, политички или економски избори, туку за генерирање граѓанска и општествена динамика. „Културата е способност на едно општество да дејствува самостојно со промена на неговите општествени претстави.“ Затоа, транзицијата зависи и од културната политика што ги отклучува историјата, креативноста, уметничкото изразување и социјалната кохезија на местата и на луѓето.

И на крај, еколошката демократија нема да се случи без создавање социо-еколошка држава, која ќе се соочи со нееднаквоста, истовремено развивајќи ја понатаму логиката на државата. Продуктивизмот што го делат неолибералните, социјалдемократските и марксистичките традиции „се потпира на верувањето дека порастот на продуктивните сили е од суштинско значење за решавање на конфликтите својствени на општеството“ . Место да се држи до убедувањето дека политиката може да ги задоволи сите, еколошката транзиција треба да се институционализира преку нова концепција за демократија што го проширува учеството. Зашто нема социјална екологија без движење за демократија и постматеријалистичко и космополитско редефинирање на солидарноста.

Во секој од овие случаи, средба на експертското знаење и на демократското размислување е од суштинско значење за да се спречи наклонот кон експектократија што само би била отфрлена од сè пошироките слоеви на општеството. Соочувањето со пандемијата нè предупреди на овие растечки опасности. Соочени со долгорочната климатска криза, нашите институции мора да се променат.

[1] Беноа Лешат (2014). „Од зелено рестартирање на демократијата до демократско рестартирање на зелените“. „Зелен европски журнал“ 1 август 2014 година.

[1] Беноа Лешат (2014). Еколо, демократијата како проект. Намур: Етопија.

[1] Беноа Лешат (2014). „Клима за промени“.„Зелен европски журнал“ 1 ноември 2014 година.

[1] Марсел Маус (1950). „Есеј за подарокот“. Социологија и антропологија, 1950, стр. 143-279.

[1] Беноа Лешат и Џонатан Пирон (2021). Еколо, екологија на политичкото дејствување. Намур: Етопија.

[1] Беноа Лешат (2014). „Говор на Беноа Лешат“.„Зелен европски журнал“. 21 август 2014 година.

Democracy Ever After? Perspectives on Power and Representation
Democracy Ever After? Perspectives on Power and Representation

Between the progressive movements fighting for rights and freedoms and the exclusionary politics of the far right, this edition examines the struggle over democracy and representation in Europe today.

Order your copy

Cookies on our website allow us to deliver better content by enhancing our understanding of what pages are visited. Data from cookies is stored anonymously and only shared with analytics partners in an anonymised form.

Find out more about our use of cookies in our privacy policy.