Дејвид Грабер (1961-2020) беше американски антрополог, активист и интелектуалец од општествените движења. Неговиот увид во имагинацијата и во практиката на демократија инспирираше многумина не само да го гледаат светот поинаку, туку да се обидат да го променат.

Речиси за секој важен политички момент во Западна Европа и во Северна Америка во текот на изминатите 20 години имаше напис или книга од Дејвид Грабер за која може да се каже дека помогна тој да се дефинира.

Напишани во раните години од новиот век, есеите на Грабер за движењата на алтерглобализацијата кружеа толку широко во активистичките кругови што беа претворени во тајна компилација и преведени на неколку различни јазици пред да успее да ги испечати како книга. „Долг: првите 5.000 години“(Debt: The First 5,000 Years), објавена во 2011 година, додека Грабер беше активен во движењето „Окупирај“, оттогаш стана камен-темелник за сите заинтересирани да научат за економијата. Се чини дека речиси сите слушнале за „глупави работи“ без нужно да можат да го именуваат Грабер како автор на есејот од 2013 година во кој го скова терминот.

Како го направи тоа? Каков увид му овозможи на Грабер да го фати моментот и да го артикулира тоа што многумина го чувствуваа, но се плашеа да мислат, а не, пак, да кажат? Како неговата работа ги доведе читателите до ново сфаќање на демократијата и до можност за заедничка работа за промена на светот?

Посветеноста на Грабер на моќта на имагинацијата беше движечка сила зад неговата работа и една од причините што одекна кај толку многу луѓе. Неговото чувство за чудење и интимно знаење за тоа како функционира имагинацијата помогнаа да се формираат неговите сознанија за различни теми како што се природата на демократијата, потеклото на цивилизацијата и значењето на вредноста.

За Грабер имаше два вида имагинација. Првиот беше „ имагинативна идентификација“. Ова се однесува на способноста да се замисли гледна точка на друг – темел на сите грижливи и поддржувачки општествени односи. Способноста да се ставиш себеси на место на другиот е неопходна за функционален демократски систем: без тоа нема да има компромис, ниту заедничка работа кон заедничките цели. Друг термин што го користеше за да го опише ова беше „толкувачки труд“.
Вториот вид имагинација беше „иманентната имагинација“: способноста да се замислат и да се создадат нови општествени и политички начини на постоење. Грабер тврди дека токму оваа имагинација ја сочинува човечката способност да биде политичка: колективно да донесуваме одлуки што сакаме да правиме со нашиот живот.

Еден начин да се размисли за иманентната имагинација е со разгледување на нејзината спротивност, „идеолошка натурализација“. Ова се однесува на смртоносниот ефект на хиерархија и доминација, каде што променливата општествена конвенција е погрешно сфатена како природен, непроменлив поредок на битието. Социјалниот дарвинизам е класичен пример. Неговите поборници претпоставуваат дека „опстанокот на најсилните“ е универзален поредок, а не неодамнешна идеологија што служи за оправдување политички и економски систем во кој поединците мора да се натпреваруваат за да преживеат.

Грабер беше особено заинтересиран за местото каде што идеолошката натурализација се манифестира во секојдневниот живот: отуѓувањето. Повторувајќи го Карл Маркс, тој сугерираше дека ако има нешто во суштина човечко, тоа е способноста да се замислат работите и да се создадат […] отуѓувањето се случува кога ќе ја загубиме контролата над процесот.

аботењето, како и многумина од нас, „умртвувачки, здодевни, механички работи“ секогаш ја задушува желбата да ги правиме работите поинаку. Грабер тврди дека проблемот со капитализмот не е само тоа што е експлоатациски, еколошки деструктивен или неправеден – за што се согласи дека е – туку дека зависи од огромната бирократија, која, пак, бара хиерархиски општествен поредок. Во оваа смисла, значи, Грабер тврди дека тоа што може да ја дефинира левица и да ја разликува од десница, е нејзиното инсистирање дека креативноста и имагинацијата се основните онтолошки принципи – односно, ние можеме (и треба) креативно да го произведеме светот и да го преправаме како што сакаме.

Исто така, овој увид го поттикна антрополошкото дело на Грабер. Тој ја сфати антропологијата како дисциплина што ги проучува општествените разлики за да стигне до политички возможното и беше особено заинтересиран за политичките структури на домородните американски групи. Многу домородни народи, како што се Индијанците од рамнината и амазонските племиња, имаа културна меморија за централизирано, хиерархиско општество и намерно изградија демократски структури што ќе спречат негово враќање. Во многу околности Грабер истакнуваше дека средбата со демократски и егалитарни народи во новиот свет го охрабри просветителството, деконструирајќи го митот за демократијата како европски извоз.

Место бирократски процес што мора да се вклучува на секои неколку години, демократијата за Грабер беше имагинативна, активна и интензивно лична.

Неговата понова работа со археологот Дејвид Венгроу се навраќа на историските и етнографски истражувања за домородните народи за да покаже дека многу општества намерно се колебаат меѓу демократските, нехиерархиски структури и хиерархиските. Со тоа, Венгроу и Грабер разоткриле друг мит што ги карактеризирал предмодерните народи како „благородни дивјаци“, кои биле само демократски затоа што нивните општества биле недоволно напредни или комплексни да не бидат тоа.

За многу луѓе Грабер го сврти концептот на демократија на глава. Место бирократски процес што мора да се вклучува на секои неколку години, демократијата за Грабер беше имагинативна, активна и интензивно лична. Не постои неизбежен лак на напредок кон поголема или подлабока демократија. Место тоа, за демократијата мора да се бори, активно да се вградува во институциите, да се заштити и постојано да се обновува. Гледајќи како политичкиот и економски систем ја спречуваат имагинацијата, може да се поттикне желба за демократија.

Иако Грабер ретко ги допираше еколошките прашања, тој, без сомнение, влијаеше врз размислувањето во политичката екологија. Неговата работа на директна демократија информираше за смената кон општини, особено во екот на шпанското движење против штедењето во 2011 година, 15-М. Неговото пишување за глупави работи внесе нов живот во движењето за основен приход и радикална критика на работата отворајќи го патот за предлози како што е намалена работна недела, сега дел од неколку верзии на Зелениот нов договор. Неговата работа за долгот и за потеклото на парите го поттикна интересот за радикална фискална политика и модерна монетарна теорија. Демократизацијата, преиспитувањето на работата и трансформацијата на монетарниот систем сега се централни за платформите за политика на постпораст.

Дејвид Грабер веќе не е со нас, но неговиот увид во моќта на човечката имагинација продолжува да нè инспирира да ги демонтираме и реконфигурираме градежните блокови на реалноста. Во следните децении, можеби ќе откриеме дека неговата работа ни помогна да замислиме и изградиме подобар свет. Како што напиша Грабер: „Крајната, скриена вистина на светот е дека тоа е нешто што го создаваме ние и исто толку лесно може да го направиме поинаку“.

Democracy Ever After? Perspectives on Power and Representation
Democracy Ever After? Perspectives on Power and Representation

Between the progressive movements fighting for rights and freedoms and the exclusionary politics of the far right, this edition examines the struggle over democracy and representation in Europe today.

Order your copy

Cookies on our website allow us to deliver better content by enhancing our understanding of what pages are visited. Data from cookies is stored anonymously and only shared with analytics partners in an anonymised form.

Find out more about our use of cookies in our privacy policy.